| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за возачот од сообраќајката кај „Зебра“

Јавното обвинителство му изрече притвор во траење од 30 дена на скопјанецот Б.Б. (37) , кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ удри во пешак кај трговскиот центар „Зебра“.

Според првичните сознанија, како што е наведено во соопштението од ЈО, добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека возачот бил под дејство на алкохол.

– Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанција што ја содржи растението канабис – информираат од Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител извршил увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот наредил и вршење обдукција над починатото лице.

– Надлежниот обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување докази и расветлување на настанот, стои во соопштението.

Во сообраќајна несреќа загина 50-годишната Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top