| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска пресуда за сообраќајката кај „Зебра“

soobra

Денеска, во 13.30 часот се очекува судскиот совет да ја соопшти пресудата за сообраќајката што се случи во јули кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец.

Oбвинетиот за сообраќајката, во којашто животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, на на судското рочиште пред два дена ја призна вината. Тој изрази длабоко каење за она што со сторил.

„Притворот лошо влијае на мене. Изразувам длабоко сочувство и каење за тоа што се случи тој кобен ден. Чувствувам голема душевна болка. Помислата дека одзедов човечки живот ме доведе до психичко растројство. Ми ги уништи сите планови, за да основам семејство со мојата девојка. Наркотиците одзедоа голем дел од мојата младост. Неколку месеци бев чист, но повторно им се вратив“, рече пред судот 37-годишниот скопјанец Блажевски.

Обвинителството пак смета дека обвинетиот ја сторил несреќата со умисла поради дејството на алкохол и дрога и големата брзина од 83 км на час со која се движел во центарот на градот. Блажевски со огромна брзина наместо по десната коловозна лента се движел по левата коловозна лента, најверојатно за да претекнува и во еден момент ја изгубил контролата и завртел на левата страна во сервисната уличка каде по тротоар се движела новинарката Павловска. Обвинетиот ја прегазил и преку тревникот, бетонски скали и метална ограда заврши во фризерски салон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top