| четврток, 6 декември 2018 |

Aпелација ја зголеми казната за сообраќајката кај „Зебра“

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во врска со сообраќајната несреќа што на 7 јули 2015 година се случи во близина на Трговскиот центар „Зебра“ во Скопје, а ја преименува во делот на казната со што обвинетиот Б.Б. за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл.297 ст.1 од КЗ, го осуди на казна затвор во траење од шест години, во која му се пресметува и времето поминато во притвор.

За сообраќајната несреќа во која живтот го загуби едно лице, обвинетиот со пресуда на овој суд од 3.9.2015 година е осуден на пет години затвор, а со второстепената пресуда, Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот ја одбил како несонована, а жалбата на Основно јавно обвинителство – Скопје ја уважил со што казната се зголемува на шест години затвор, додека во другиот дел пресудата се потврдува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top