Во Виница почна изградбата на нова фабрика на австриската компанија „Текспорт“ наменета за производство на заштитна опрема за пожарникари, а која ќе отвори за виничани и околните населени места 100 нови работни места.
Објектот се гради во новата индустриска зона на излезот од Виница и ќе биде првата странска инвестиција овде покрај постојните домашни и локални фирми кои веќе градат на овој потег. Стартот на градбата го официјализираа градоначалникот Емил Дончев и сопственикот, австрискиот инвеститор Омер Шнајдер.
– Нашата фирма има околу 300 вработени во Македонија. Процесот на работа се одвива со модерни техники и компјутерска поддршка за што се потребни добро обучени луѓе кои ќе може да ги користат тие програми. Предност ќе имаат млади лица кои имаат техничко-текстилно образование. По завршувањето на тренингот од околу две години ќе бидат подготвени со стекнатото знаење во производството како сопствена одговорност да го применат истото – истакна Омер Шнајдер, сопственик на компанијата.
Како што најави Шнајдер, производствената хала треба да биде завршена во мај 2015 година, ќе се гради по најмодерни стандарди со инвестиција од 1,5 милион евра во енергетски ефикасен објект, а ќе биде со капацитет за 200 вработени.
Градоначалникот на Виница, Емил Дончев, ја поздрави новата инвестиција за која, како што рече, се преговараше три години и очекува со отворањето на новите работни места овде и во ТИРЗ да се спречи миграцијата на младите од виничкиот крај и пошироко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пороен дожд во Виница, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар
-
Хорор во Виница: Малолетничка силувана на градскиот стадион
-
Огромна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ: Виница на нозе за промоцијата на Мартин Павлов (Фото)
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“