| четврток, 6 декември 2018 |

Огромна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ: Виница на нозе за промоцијата на Мартин Павлов (Фото)

Пред голем број на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов еуфорично беше промовиран за кандидат за градоначалник на Виница од коалицијата „За подобра Македонија“.

– ВМРО-ДПМНЕ е движење за создавање просперитетна и посилна Македонија, Македонија која се движи напред на браникот на уставноста, унитарноста и суверенитетот на државата. Секој од вас знае дека овие избори се повеќе од локални, на 15 октомври Македонија станува повторно на нозе, на 15 октомври ќе се случи референдум за Македонија и сигурен сум дека секој од вас тоа го гледа и дека граѓаните на Виница ќе донесат правилна одлука. Тие ќе кажат не за хаосот и способноста, за сите лаги и манипулации на СДС, сите манипулации со Тиранската платформа, преговорите за името со Грција, а за сето ова со лист и пенкало ќе си ја одбраниме државата, истакна Павлов на митингот кој во овој град се одржа во вторникот.

Тој потенцираше дека „Новата Ера“ која почнува ќе ја градат заедно слушајќи ги идеите на граѓаните кои ќе носат нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

– Ќе направиме поттикнување на малите и средните претпријатија и силна поддршка на постоечките капацитети, ќе ги подобриме условите за живот во општината што подразбира вложување во комуналната и инфраструктурата, ќе изградиме затворен пазар и реконструкција на домот на културата со што општината ќе го заокружи својот урбан лик. Развој на културата, традицијата, верата и спортот ова се нашите предизвици кои доаѓаат, но и кои се многубројни, нашите способности за нивно решавање се докажани. Искуството, потенцијалот, угледот на кандидатите и Коалицијата за подобра Македонија се уште еден доказ за наша идна победа и секој што мисли дека во неговото место за живеење не е направено ништо нека се потсети како беше порано и нека споредува, потенцираше Павлов пред своите сограѓани.

Тој истакна дека тргнуваат од врата на врата и секаде ќе го бараат гласот на народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top