Шеснаесет годишно девојче од Виница вчера било силувано од 18-годишниот У.Ќ. на градскиот стадион.
– Околу 07.30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.