| четврток, 6 декември 2018 |

Депардје на суд поради социјален стан

До руското Државно обвинителство деновиве пристигнала тужба од активистот од Новосибирск, Ростислав Антонов, кој смета дека францускиот актер Жерард Депардје добил стан од социјалната програма што се доделуваат на најсиромашните граѓани

depardieu
По кавгата со новите француски власти за оданочувањето на големите заработувачки, Депардје стана државјанин на Русија. Многу од локалните руски организации се натпреваруваа кој ќе даде поголема привилегија за новиот сограѓанин. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров дури му доделил стан во Грозни.

– Имотната состојба на Жерард Депардје не остава сомнеж дека актерот е добро ситуиран граѓанин – рекол активистот, кој вели дека Французинот со руско државјанство не ја поминал вообичаената постапка за доделување социјални станови!

Чеченија, која е разурната со војната, е најсиромашна локална единица во Руската федерација и со најголема стапка на невработеност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top