| четврток, 6 декември 2018 |

Работодавач им подарил станови, автомобили и накит на работниците

Еден широкоград работодавач во Индија ги израдувал своите 1.200 работници со подароци како нови автомобили, депозити за станови и илјада долари вреден дијамантски накит како награда за лојалноста.

Трговацот со дијаманти Савџибхаи Долакиа од градот Сурат, во западна Индија, им ги врачил подароците на вработените во пресрет на најголемиот индијски празник, фестивалот Дивали (фестивал на  светлината).

Подароците се дел од програмата за лојалност вреден 50 милијарди рупии (815 милиони долари), која ја покрена компанијата Хари Кришна експортс.

-Ги наградивме вработените кои во текот на годините придонесоа за развојот на компанијата. Тие го жртвуваа својот семеен живот за напредокот на фирмата и затоа заслужуваат да бидат наградени, рече Долакиа за Франс прес.

-Им подаривме станови на 207 работници, автомобили на 491 и накит за 500 вработени. Депозити за станови им се поделени на оние кои немаа стан, а автомобили на оние кои веќе имаа свој дом, рече претседателот на фирмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top