| четврток, 6 декември 2018 |

Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти

Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти од продажбата на подарокот на кралската венчавка на принцот Хари и војвотката Меган.

Чоколадца , вода во шишиња, магнети за фрижидер – тоа имало во пакетите што ги добија насобраните посетители пред капелата каде се венчаач во саботата принцот Хари и Меган Маркл. Вкупно имало 2640 вакви пакети. Менаџерката Клер Оливер се досетила и пакетот го огласила на e-bay .

Таа била една од 1200 привилеригирани посетители , која можела од непосредна близина да ја види кралската двојка и нивните славни гости. Во нејзиниот бесплатен пакет што го понудила на онлајн продажба со логотип на кралското семејство , а содржел писмо за добредојде , разгледница , лименка со бисквити и ваучер со 20 проценти попуст во продавниците на кралски сувенири.

Таа прво се пофалила на социјалните мрежи , но по гневните коментари ги избришала сите профили. На интернет добила над 30 понуди со почетна цена од 129 фунти , но само Клер заработила 20 000 фунти за својот пакет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top