Хрватските медиуми објавија дека српскиот премиер Александар Вучиќ има албанско потекло, а негов татко е косовскиот новинар Фахри Муслиу, кој живее и работи во Белград. Порталот „dnevno.hr“ објави една фотографија од српскиот премиер и новинарот Муслиу, на која може да се види дека тие многу си личат.
Инаку, и самиот Муслиу ги демантираше ваквите тврдења, оценувајќи ги како шпекулација.
– Не го познавам Александар Вучиќ. Неговата мајка ми беше колешка, но никогаш не сме имале ништо повеќе од тоа само што соработувавме како колеги. Овие тврдења се само шпекулации – изјави за албанските медиуми Фахри Муслиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.