| четврток, 6 декември 2018 |

Бели шлемови за борбата со ебола

 GUINEA-HEALTH-DISEASE-FILES

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер денеска предложи формирање меѓународни бели шлемови за борба со еболата.

– Може да се замисли нешто како бели шлемови. Тоа не би требало да биде постојана и трајна организација, туку пул за експерти, лекари и медицински персонал врз кој може да се потпреме во кризни ситуации – објасни Штајнмаер.

Германски медиуми јавуваат дека во Министерството за надворешни работи во Берлин се одржува состанок посветен на борбата со еболата. Во Германија пред неколку дена почина првиот и засега единствен пациент од ебола – лекарот Мохамед А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top