Дронот кој направи хаос на натпреварот во Белград полетал од црквата Свети Арганхел Гаврил, а бил поставен на храмот ден пред натпреварот преку громобранот од страна на Албанецот Исмаил Моринај, кој воедно и го лансирал кон стадионот. Потоа командата во наведувањето ја презел братот на албанскиот премиер, Олси Рама, пишуваат српските медиуми.
Полицијата покрај што трага по него, фокусирана е и на истражувањето на дронот што бил пронајден во Панчево.
– Човекот што го нашол не е осомничен. Тој го зел како сувенир. Интересно е дека ова летало нема земја на производсво, туку само име на производителот, за што претпоставуваме дека е каталошки. На основа на овие информации се обидуваме да дојдеме до повеќе податоци за тоа кој го купил или го нарачал дронот, велат полициски извори за српски Ало.
Моринај познат како Балистот Моринај е роден во Кукес Шикај во Албанија, а живеел во Фиренца. Се занимавал со алпинизам со слободно искачување, а во Србија влегол на 11 октомври со автомобил со италијански таблички. Престојувал во хостел во близина на стадионот на Партизан користејќи италијанска лична карта.
32 годишниот Албанец од Италија на 14 октомври од куполата на црквата Свети Архангел Гаврил го лансирал дронот со мапата на Голема Албанија. Контролата над леталото ја презел Олси Рама најверојатно преку програма која претходно ја инсталирал на својот „ајфон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.