| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ недостапен за обложувачката мафија

Во последната акцијата на италијанската полиција под името „Последниот облог“ во која е откриено дека двајцата италијански тенисери Даниеле Брачали и Потито Стараче учествувале во местење на натпревари на тениските терени, се спомнува и името на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

novak gjokovic

Во шифрираните пораки на уапсените мафијаши, меѓу другите, откриени се и пораки за Ѓоковиќ, кој се споменува дека не би размислил за местење под 100.000 евра.
По откривањето дека двајцата италијански тенисери добивале по 50.000 евра за наместен меч, за популарниот Ноле била наменета двојно поголема сума.
Луѓето што учествуваат во ваквите измами се обиделе да дојдат до Србинот преку неговата тогашна девојка, а сега сопруга Јелена, но секаков контакт со нив бил одбиен.
Освен Ѓоковиќ се спомнува и името на Филип Колшрајбер, кој, исто така, не сакал да контактира со тие кругови.

Во акцијата се уапсени повеќе од 100 осомничени луѓе што биле вмешани во местењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top