Томас Ерик Данкан, првото лице кое почина од ебола во САД, не беше вистинската жртва за западот: тој не беше убава насмеана млада жена со очила за сонце додека шпаниел Кавалер Кинг Чарлс по име Бентли и го лиже лицето; тој немаше младешко лице на добронамерен лекар кој изгледа „примерно“ објавено по насловните страници на весниците; тој не беше љубезна возрасна медицинска сестра која им кажува на новинарите како Бог ја поштедил. Тој не беше ниту лице на кого ударните вести ќе му посветат 20 минути и ќе биде величен со цитати од неговите сакани за неговиот дух и нескршлива посветеност за да ја надмине нефер страдање.
Томас Ерик Данкан беше црн, сиромашен, и беше Африканец.
Болницата во Далас го одби неосигуренот емигрант од Либерија по првичните испитувања, во кој беше заклучена само „мала вирусна болест“, а медиумте го претворија во несимпатично, незаслужено лице со болест со која западот френетично се зафати.
Тој – и западните Африканци со кој тој е поврзан и по раѓање и по причината за смртта – станаа ништо повеќе од вектори за болеста одговорни за инфицирање на невини западни здравствени работници, кои ги сквернават чистите нации со увезување на африканското зло. Но сепак, самото американското државјанство не го исчисти лошото црно влијание; Амбер Џој Винсон, вториот здравствен работник кај која беше дијагностициран вирусот, веќе се соочува со осудата, додека кучето на Нина Фам, кое е веќе во карантин, добива изливи на поддршка од јавноста.
Еболата сега во народниот дискурс функционира како не толку фин, речиси целосно реторичка одбрана за која било комбинација на зборовите „африканско“, „црно“, „странско“ и „наезда“ – небулозна, но силна закана наменета да го урне вкоренетиот впечаток за чистотата на западните граници и тела.
Мртвите тела на Африканци се беизмени локакции за (небезбедната, расистичка) „паника“, темата е претешка за разговори на маса на вечера, но и прелесна за муабетење меѓу гондолите во супермаркетите.
До денес, помалку од 20 случаи на ебола се третирани надвор од западна Африка при сегашната епидемијата. Во меѓувреме, во самата западна Африка – главо во Сиера Леоне, Гвинеја, Либерија и во Нигерија – стапката на смртност нарасна на 4,500 случаи. Девојчињата и жените во регионот, кои имаат задача според половата социјална одговорност да се грижат за болните членови во семејствата, умираат со стапка која ја надминува смртноста кај мажите. Либерија е без ресурси за да се справи со епидемијата, а САД можеби цинично се посвети само со испраќање на воен персонал таму. „Ако оваа епидемија на еболата излезе надвор од контрола во западна Африка, таа ќе се прошири во ова доба на чести патувања и разни постојани интеракции кои луѓето ги имаат преку границите“, рече Барак Обама неодамна.
Но ние се уште ќе го отпишуваме „африканскиот пациент“ кој инфицирал болница во Шпанија, и нема да се замараме со глупости како што се географските специфики. Ќе ни олесне кога ќе се сетиме дека на шпански свештеник инфициран во Либерија му беше овозможен пристап до експериментален лек, а на западните Африканци не; откако тој почина; дури и се прашувавме гласно дали на Африканците им треба христијанство.
Ќе пишуваме твитови за тоа колку е пострашна еболата од црнооките деца кои изгледаат како привиди. Ќе гледаме да бидеме прецизни дека алкохолот, а не еболата, уби Британец во Македонија. Ќе тврдиме дека еболата е толку вообичаена кај западните Африканци – дури и кај оние кои дошле во Њујорк – што таа може да стане и дел од вестите временската прогноза. Но нема да спомнуваме дека во Нигерија веќе шест недели не преживеал ниту еден заболен.
Ќе се обидеме да го сокриеме нашиот страв зад вицови со црни тела кои умираат. „Самите „ќе се ставиме во карантин“. Ќе посетуваме пораки на Редит и твит профилите на „вицовите“ за нашата ебола. Ќе се кикотиме на жртвите од нашата ебола. И ќе дофрламе дека можеби еболата е Идил помеѓу биолошките агенси.
И кога сето ова ќе заврши, ќе продолжиме понатаму и ќе откриеме нови причини да стреламе врз страдањето на црните на сметка на нашиот непоколеблив страв. Смртта на црните е интересна само до степен до кој нејзиниот натрапник може исто да зарази и граѓани кои заслужуваат повеќе симпатии, покриеност во медиумите и во животот.
Комотни сме во врска со вирсите кои растураат цели заедници, се додека тие заедници не изгледаат како оние за кои веруваме дека заслужуваат здравје. Црните трупови постојат на самиот крај на апокалиптичната приказна во вид на проверките на аердоромите наменети да ги искоренат носителите на ебола (со сомнителен успех) или уште попретерано, смртноносните сили од полицијата која тврди дека ги заштитува и им служи на сите луѓе. Африка постои само како дијаметрален констраст на западниот свет, каде болестите и нередите мора да бидат сопрени за да се зачува здравјето и хиерархијата.
Да се биде црн – Африканец или нешто друго – значи да се родите во свет кој ќе ја гледа вашата смрт со задржан здив (или неуспешен коктел за егзекуција, или осветнички куршум, или игла заразена со сифилис). Тоа значи да се фати позиција на социјална смрт, да се постои во периферен простор кој не гарантира ниту права ниту признавање под сила на законите. Тоа значи да се биде непрекината зараза во телото на западниот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.