Единствениот фестивал што ја промовира, афирмира и ја негува македонската современа класична музика, „Денови на македонска музика“, годинава ќе го доживее своето 36. издание. Љубителите на добриот звук, на новитетите, но и на традиционалните звучни вредности, од 28 март до 6 април ќе имаат можност да ги чујат најновите достигнувања на македонските музички творци, дела од сите генерации македонски композитори со широка палета на естетски звучни определби, во изведба на македонски и странски исполнители.
И оваа година во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, на фестивалот ќе учествуваат двете национални музички куќи, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Во контекст на меѓународната афирмација на македонската музичка мисла, пак, годинава на сцената на „ДММ“ ќе гостуваат реномираниот ансамбл „Реконсил“ од Виена, кој на два концерта ќе изведе дела од македонски и од австриски композитори, како и клавирското трио „Арс музика“ од Словенија. На концертот на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, пак, ќе настапат гости-водачи на Минхенскиот камерен оркестар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денови на македонска музика: Концерт на ансамблот за современа музика МЕИТАР – Израел
-
Денови на македонска музика: Концерт на клавирското дуо од Ансамблот „Артворк“ – Германија
-
Денови на македонска музика: „Монохроматика“- концерт на млади во Даут-пашин амам
-
Денови на македонска музика: Концерт на камерно трио од Албанија