Во четврото коло од ракометната Лига на шампиони Вардар му гостува на Монпелје. По стартните три победи од исто толку кола, Вардар одигра солидни 30 минути и има негатива од два гола 19-17. Нападот функионира како и секогаш, меѓутоа одбраната нема решение за левиот бек Метју Греби кој постигна осум гола. На голот на французите е Хрватот Лосерт кој успеа да наниже веќе девет одбрани. Вардар одлично го започна мечот, но по повредата на Дујшебаев нападот оди тешко, реализацијата е проблем која се надеваме дека биде надмината кризата која ја зафати екипата на Раул Гонзалес во последните 10 минути. Монпелје е решен да дојде до победа бидејќи во првите три кола има само една победа. Кај вардарци најефикаен е Тимур Дибиров со пет голови, а Арпад Штербик успеа да фати седум топки, но не и да спречи Греби кој има само едно промашување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


