Шпанија ќе ги обучува ирачките војници, кои ќе војуваат против џихадистите од групацијата „Исламска држава“, но нема да интервенира во Сирија, изјави шпанскиот министер за одбрана Педро Моренес за време на посетата на Вашингтон.
– Испраќањето на 300 војници во Ирак оваа недела ќе биде ставено на гласање во шпанскиот Парламент, истакна Моренес, кој во Вашингтон се сретна со американскиот министер за одбрана Чак Хејгл.
Шпанските војници ќе ги обучуваат ирачките војници за специјални операции, деактивирање на мини и ракување со експлозиви.
Моренес истакна дека обуката ќе може да почне до крајот на годината. Тој ја исклучи можноста за учество на Шпанија во меѓународната коалиција во Сирија.
– Шпанија ќе им дозволи на американските воени сили да ги користат базите во Морон и Рота за операциите во Ирак, изјави Моренес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето