| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО ќе објави целосeн извештај за еболата

Светската здравствена организација вети дека ќе објави целосен извештај за начинот, на кој се справува со кризата, предизвикана од еболата, откако епидемијата ќе биде совладана.

Соопштението е објавено како одговор на информациите за документот, кој стана достапен во медиумите, а во кој изгледа како СЗО признава дека не сторила доволно за да се справи со епидемијата.

СЗО нагласи дека нема да го коментира интерниот извештај, кој истече во јавноста вчера преку Асошиејтид прес.

– Документот е нацрт, кој не ја минал фактографската проверка и е дел од тековната анализа на реакцијата на СЗО, нагласи Организацијата.

СЗО додаде дека во моментов не може да се направи таква анализа и оти извештајот за проценка на нејзината реакција ќе биде изготвен по совладувањето на епидемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top