Најдобриот моторциклист на сите времиња Италијанецот Валентино Роси на својата јубилејна 250 трка во „кралската“ класа, забележа нова победа. Иако во поодминати години за овој спорт (35) тој без проблеми се натпреварува со многу помладите колеги во МотоГП. Роси по големите промени на времето и лошиот избор на гуми во квалификациите на трката за големата награда на Австралија го зазеде осмото место, но со импресивен старт по само неколку круга се најде на третото место веднаш зад лидерот Марк Маркез и неговиот клупски колега Хорхве Лоренцо.
Борбата за втората позиција меѓу Лоренцо и Роси не ја искористи лидерот Маркез да направи временска разлика. По неколкуте обиди Роси го мина Лоренцо и тргна по првото место. Маркез во тој момент имаше предност од четири секунди. Во текот на трката временските услови се сменија и нагло се намали температурата на патеката. Изборот на гуми на Маркез беше погрешен и тој не успеа да до додржи својот мотор на патеката и падна.
Тоа го искористи Роси и со рутиснко возење до крајот дојде до нова победа во кариерата со предност од 10 секунди пред Лоренцо. На третото место се пласираше Бредли Смит.
Марк Маркез веќе ја одбрани титулата од минатат година и на само две трки до крајот има недостижна предност од 57 бода (312) пред Роси (255).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.