Кошаркарите на МЗТ го совладаа Солнок со 74-58 во четвртото коло од регионалната АБА лига. МЗТ по четири рунди во регионалната лига има две победи и два порази.
На клупата на тимот од Јане Сандански дебитираше Врбица Стефанов кој пред неколку денови го замени Змаго Сагадин.
МЗТ до победата го предводеа Цветковиќ и Зивчевиќ кои постигнаа по 14 поени, додека во унгарскиот тим најпрецизен беше поранешниот играч на металците Синовец со 16 поени.
МЗТ во наредното коло, на 25.октомври, ќе и гостува на Крка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.