Ренато Вугринец во ексклузивна изјава за „Република“ најави дека е подготвен да игра за Металург против Кил и дека повредата на дланката е санирана, и тој вечерва е во составот што ќе игра против една од најмоќните екипи во Европа.
Вугринец не настапи на првите три натпревари во Лигата на шампионите и се шпекулираше дека е можно да си замине, но сепак ланскиот втор стрелец во елитното клупско натпреварување е во стројот на Металург, со што шансите за успех на македонскиот првак, вечерва рапидно растат.
Мечот ќе почне за неколку минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


