| четврток, 6 декември 2018 |

Добри и лоши вести од Брисел

Спо­ред но­ви­от евро­ко­ме­сар за про­ши­ру­ва­ње, кој ќе би­де од­го­во­рен и за по­ли­ти­ка­та кон со­се­ди­те, ме­сто ста­ра­та стра­те­ги­ја со ко­ја ЕУ гра­де­ше зо­на на де­мо­кра­ти­ја и на прос­пе­ри­тет на дол­ги па­те­ки, се­га пре­ку со­сед­ска­та по­ли­ти­ка ќе се обез­бе­ду­ва­ат и одр­жу­ва­ат европ­ска­та без­бед­ност, вред­но­сти и ин­те­ре­си. Го­лем број од поз­на­ва­чи­те на со­стој­ба­та во Бри­сел не мо­жат да ка­жат што зна­чи тоа

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ако од ова све­то тројс­тво се ана­ли­зи­ра са­мо без­бед­но­ста, лес­но мо­же да се зак­лу­чи де­ка ре­ги­о­нот од ка­де што се­га до­а­ѓа­ат нај­се­ри­оз­ни­те кан­ди­да­ти за членс­тво, за­ед­но со Укра­и­на и со Гру­зи­ја, ќе би­де исту­рен играч пре­ку кој не­ма да се доз­во­ли влез на „не­при­ја­тел­ски“ еле­мен­ти во ср­це­то на Евро­па, без раз­ли­ка да­ли се тоа ру­ски или ра­ди­кал­ни ис­лам­ски пе­не­тра­ции. Да­ли со тоа Јо­ха­нес Хан са­ка­ше да ни ка­же де­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Цр­на Го­ра, Тур­ци­ја и Ал­ба­ни­ја ќе тре­ба да би­дат пр­ва­та ли­ни­ја на фрон­тот што ѝ се за­ка­ну­ва на ЕУ не мо­же да се твр­ди со си­гур­ност, но ло­ги­ка­та ве­ли де­ка европ­ска­та без­бед­ност е по­лес­но да се бра­ни во Из­мир, Скоп­је и во Драч откол­ку во Ро­тер­дам, Пра­га или во Ма­дрид.

Со сво­ја­та не­јас­на из­ја­ва ав­стри­ски­от 57-го­ди­шен дип­ло­мат Јо­ха­нес Хан, за ко­го мал­ку­ми­на би рек­ле де­ка не е при­ја­тел на ре­ги­о­нот и де­ка е ме­ѓу „за­мо­ре­ни­те“ од про­ши­ру­ва­ње­то, са­мо до­ту­ри мас­ло на ог­нот кај под­др­жу­ва­чи­те на те­о­ри­и­те на за­го­вор. Во зем­ји ка­ко Тур­ци­ја, ко­ја че­сто се со­о­чу­ва со отво­ре­но не­при­ја­телс­тво кај дел од европ­ски­те ра­ди­кал­ни дес­ни­ча­ри по­ра­ди вер­ски­от со­став на сво­е­то на­се­ле­ние, во пос­лед­ни­те го­ди­ни не­ре­тко мо­же да се слуш­не де­ка су­ди­рот на ци­ви­ли­за­ци­и­те, она­ка ка­ко што е опи­шан во кни­га­та на Сти­вен Хан­тин­гтон или во не­ко­ја дру­га слич­на фор­ма, е не­пре­мост­ли­ва раз­ли­ка за це­лос­на ин­те­гра­ци­ја на си­те зем­ји на ста­ри­от кон­ти­нент. До­кол­ку во на­ред­на­та го­ди­на, ко­га ќе се пи­шу­ва но­ва­та со­сед­ска по­ли­ти­ка, Јо­ха­нес Хан, не­го­ва­та ше­фи­ца – ви­со­ка­та прет­став­нич­ка за над­во­реш­на по­ли­ти­ка, Фе­де­ри­ка Мо­ге­ри­ни, и ко­ме­са­ри­те чи­и­што пор­тфо­ли­ја има­ат вр­ска со над­во­реш­ни­те ра­бо­ти на Уни­ја­та не да­дат пре­циз­но об­јас­ну­ва­ње за нај­а­ва­та на Хан и про­дол­жат во име на сво­јот реј­тинг кај гла­са­чи­те да ги тур­ка­ат на­стра­на зем­ји­те под­го­тве­ни за пре­го­во­ри за членс­тво, са­мо ќе ги за­бр­за­ат про­це­си­те што мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат ха­ос во це­ла Евро­па. До­кол­ку во на­ред­ни­те пет го­ди­ни зем­ји­те-ас­пи­ран­ти не до­би­јат цвр­сти ве­ту­ва­ња, кои не се лаж­ни ка­ко до­се­га, со ог­лед на ру­ска­та пе­не­тра­ци­ја во ре­ги­о­нот, но и на вле­зот на ра­ди­кал­ни ис­ла­ми­стич­ки гру­па­ции на гра­ни­ца­та на ЕУ, мо­жат да соз­да­дат пе­кол на­ме­сто зо­на на без­бед­ност.

 

kolumna110-1

Кои за­мрз­на­ти конф­ли­кти ќе ги ре­ша­ва ЕУ?

За вре­ме на сво­е­то из­ла­га­ње пред Ко­ми­те­тот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Европ­ски­от пар­ла­мент, ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан спо­ме­на уште ед­на важ­на ра­бо­та за Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но нај­а­ви де­ка во но­ва­та европ­ска со­сед­ска по­ли­ти­ка ќе има но­ва цел – зго­ле­ме­на уло­га на ЕУ во раз­ре­шу­ва­ње на за­мрз­на­ти­те конф­ли­кти во источ­но­то со­седс­тво. Иа­ко оваа де­фи­ни­ци­ја, пред сѐ, се од­не­су­ва на Укра­и­на и на од­но­си­те со Ру­си­ја, до­кол­ку но­ва­та цел на­ви­сти­на ста­не дел од стра­те­ги­ја­та, то­гаш не­ма зо­што Бри­сел да пре­зе­ма по­сил­на уло­га во над­ми­ну­ва­ње­то на спо­рот за име­то ме­ѓу Гр­ци­ја и Ма­ке­до­ни­ја, кој спо­ред си­те приз­на­ти ака­дем­ски и пра­ктич­ни де­фи­ни­ции е за­мрз­нат спор. Опас­но­ста во на­ши­от слу­чај е тоа што ЕУ, се­пак, ќе од­бег­не ди­рект­но вклу­чу­ва­ње во спо­рот, при што тој ќе мо­ра да се ре­ша­ва не са­мо во сог­лас­ност со по­зи­ци­и­те и ин­те­ре­си­те на ЕУ и на зем­ји­те-член­ки, ту­ку и во сог­лас­ност со ме­ѓу­на­род­ни­те стан­дар­ди и пра­ви­ла. Во тој слу­чај, пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та, иа­ко ѝ да­ва се­ри­оз­на пред­ност на Ма­ке­до­ни­ја, е преч­ка за ЕУ во­оп­што да поч­не не­ка­ква ини­ци­ја­ти­ва. Ре­чи­си е не­воз­мож­но да се оче­ку­ва ЕУ да оди ди­рект­но про­тив сво­ја­та член­ка ко­ја од­лич­но ја игра игра­та во ко­ја со­ста­вен дел се по­ли­тич­ка­та ста­бил­ност, мо­не­тар­на­та ефи­кас­ност и па­дот на евро­то и на европ­ска­та мо­не­тар­на уни­ја.

 

Ќе ги одр­жи ли ЕК сво­и­те ве­ту­ва­ња?

Дру­га­та до­бра вест од Европ­ски­от пар­ла­мент, ка­де што на­ста­пи евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан, се не­кол­ку­те но­ви прин­ци­пи, ако не се са­мо ве­тер во маг­ла, што мо­же да се иско­ри­стат од ма­ке­дон­ски­те вла­сти. Еден од нив е прин­ци­пот „по­ве­ќе за по­ве­ќе“, што зна­чи де­ка зем­ји­те што пра­ват по­ве­ќе во спро­ве­ду­ва­ње­то на ре­фор­ми­те тре­ба да до­би­јат по­го­ле­ми бе­не­фи­ции од ЕУ во смис­ла на па­ри или за­ед­нич­ки и ло­кал­ни про­е­кти.

(Текст објавен во 110. број на неделникот Република, 10.10.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top