| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на костимите на скопската премиера на „До балчак“ во кино „Милениум“

do balcak
На скопската премиера на филмот „До балчак“ на македонскиот режисер Столе Попов, која е закажана за 18 октомври, сабота, во 21 часот во киното „Милениум“ ќе има и две изложби концептуално поврзани со филмот.
Изложбите ќе бидат поставени во фоајето на киното, во 20 часот.
Едната изложба, организирана од Филмски центар Вардар филм Македонија, е во соработка со костимографот Емилија Ивановска Атанасовска и ќе овозможи публиката да ги погледне костимите на главните актери од филмот.
Втората изложба е на фотографии инспирирани од ликот и приказната на Тереза, еден од главните ликови во филмот „До Балчак“.
Насловот на изложбата е „Souvenirs d’un voyage”, а фотографиите се дело на Ѓорѓи Клинчаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top