| четврток, 6 декември 2018 |

„Тинекс“ го поддржа издавањето на книгата „Актуелните биоетички предизвици во Македонија“

Tinex-ti-i-jas-logo-520px

Секогаш отворена за соработка и помош кога станува збор за стручната литература, особено онаа која е поврзана со здравствено- научните истражувања и откритија, компанијата „Тинекс“, преку платформата „Тинекс, ти и јас“ го спонзорираше печатењето на книжевното дело „Актуелните биоетички предизвици во Македонија“, чиј автори се Дејан Донев, Александра Деаноска- Трендафилова, Владимир Чадиковски, Петар Атанасов, Дејан Мицковиќ, Ангел Ристов, Маја Парнаџиева- Змејкова и Елена Игновска. Одлично спакувано, на 250 станици, испечатеното издание на ова дело е од големо значење за компанијата Тинекс и и претставува вистинска чест што поддржува проекти кои придонесуваат за развој и напредок на медицината во Македонија.

По повод издавањето на делото „Актуелните биоетички предизвици во Македонија“ , дел од авторите, дадоа свој осврт кон истиот.

Д-р Владимир Чадиковски за изјави: „Подготовката и публикацијата на оваа книга беше со цел да ги доближи  граѓаните и стручната јавност до актуелните состојби во биомедицината во Република Македонијаза кои малку се знае. Во медицинската сфера последниве години се случија многу промени на законодавен план со кои на модерен и кохерентен начин беа регулирани важни области и процедури како што се трансплантацијата на органи и ткива и репродуктивните технологии. Тоа имаше значајно влијание и врз развојот на медицинската пракса во овие области која ги исполнува високите стандарди не само во медицината, туку и во правото и сферата на заштитата на правата на пациентите. Посебна вредност на ова четиво му дава и неговата мултидисциплинарност, имено покрај медицинските и правните, обработени се и финасиските, етичките и социолошките аспекти“.

 

Доц. д-р Александра Деаноска – Трендафилова, пак изјави: „Оваа книга ќе биде многу корисно четиво за стручњаците не само од медицинската, туку и од правничката фела и сметам дека има значаен придонес кон развојот на медицинското право и биоетиката во нашата држава. Македонија во последно време бележи засилена законодавна активност во сферата на трансплантологијата и репродуктивните технологии што покажува дека будно го следи развојот на биомедицинските науки и се обидува да биде на линија со високите стандарди за почитување на човековите права кои често се загрозени од повеќе аспекти посебно кај новите медицински технологии и воопшто процедури чија етичка и правна допуштеност сеуште е спорна – како што се прашањата поврзани со проблематиката на евтаназијата. Но, веруваме дека книгата ќе послужи не само како информативен материјал за експертите, туку и за студентите по право, медицина, социологија  и др.,као дополнително четиво и на секој граѓанин кој сака да дознае нешто повеќе за актуелните биоетички прашања во нашата држава.“

 

М-р Маја Парнарџиева-Змејкова за својот осврт на делото вели: „Реткост е да се има четиво кое обработува една тема од повеќе, да не кажам, од сите аспекти. Токму тој е пристапот на оваа книга. Секој читател, барем малку заинтригиран за трансплантацијата или репродуктивните технологиии, но и оној кој не ги познава воопшто овие теми, верувам ќе пронајде интересни информации во ова дело. Мултидисциплинарноста, ја прави книгата лесно прифатлива и за науката и за интелектуалците, и воопшто за секој граѓанин на оваа држава. Како автори се надеваме дека ќе ги поттикнеме читателите отворено да зборуваат за трансплантацијата и биоетичките прашања. Длабоко во секој од нас всадена е хуманоста и желбата, несебично да се помогне на другите. Да се потсетиме на тие вредности и принципи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top