Сè уште постојат сериозни разлики во поглед на украинската криза меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, изјави ноќта кон петок портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, непосредно по средбата на двајцата лидери во Милано.
– Сè уште постојат сериозни разлики за внатрешниот украински судир, како и за длабоките причини за тоа што се случува во овој момент – изјавил Песков за руските новински агенции.
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел доцна навечер во четврток во Милано, во рамки на евроазискиот самит АСЕМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.