| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата треба да се спречи кај првичниот извор, а не со забрани за патување

Затворањето на државните граници за луѓето што доаѓаат од земјите погодени од ебола не е ефикасна стратегија за запирање на ширењето на болеста, изјави претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким.

ебола

– Има само еден начин за запирање на кризата со еболата, а тоа е да се запре нејзиното ширење во трите најзасегнати земји, Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, истакна тој на Самитот за климатски промени, организиран од „Ројтерс“ – јави „Бе-Те-А“.

– Сите тие планови за затворање на границите е како да си во куќа што гори и да почнеш да ставаш мокри крпи под вратата, за да не дозволиш да влезе чад. Тоа не е ефикасна стратегија. Потребно е да се изгасне пожарот – рече Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top