| четврток, 6 декември 2018 |

Заха Хадид, жената што ја гради иднината, со изложба во Јапонија

Познатата архитектка Заха Хадид ќе ја отвори својата прва самостојна изложба во Јапонија. Таа ќе ги отвори вратите на галеријата на Токиската опера на 18 октомври и ќе трае до 23 декември.

Заха Хадид

Заха Хадид

Првиот дел од изложбата вклучува голем број слики и скици, нацртани од Хадид во периодот кога ја нарекувале кралицата на неизграденото, вклучувајќи ги и плановите за озлогласениот забавен клуб „The Peak“ во Хонг Конг, чија изградба беше прекината откако инвеститорот банкротира.

zaha2

Во вториот дел ќе бидат прикажани модели кои го откриваат скриениот потенцијал на урбаните простори, три поранешни проекти во Јапонија и шемата за внатрешниот дизајн за ресторанот „Мун сун“ во Сапоро.

zaha3

По нејзиниот прв реализиран проект во 1993 година – пожарната во германскиот кампус витро, Заха Хадид почнува да трупа меѓународни признанија поради авангардениот дизајн кој ги користи максимално најновите градежни технологии и 3Д компјутерски анализи. Такви се проектите на Лондонскиот аквацентар, центарот Геидар Алиев во Баку, Азербеџан, рампата за ски-скокови „Беригсел“ во Инсбрук, Австрија.

zaha4

Како во дует со честите критики дека нејзината архитектурата претставува вселенски инвенции, речиси без однос кон локалната средина, третиот дел од изложбата се концентрира на леснотијата со која Хадид ги преминува границите на дизајнот и различните фантазии. Таму се изложени ексцентрични светлечки модели, како и нејзината светлечка маса од течен мраз.

zaha5

Конечно, четвртата и последна секција, го крие дизајнот на новиот Национален стадион за Олимпијадата во Јапонија во 2020 година. Кога во октомври 2013 година беше објавено дека е избран проектот на Заха Хадид, елита архитекти од земјата на изгрејсонцето, предводени од Фумихико Маки, се кренаа на протест. Тие изразија несогласување и организираа симпозиум во кој ја нагласија несоодветноста на зградата во контекст со околниот токискиот кварт Џингу Гаести, прогласен за заштитено подрачје.

zaha6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top