| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ по 18 години четвртфиналист во ЛШ, Јувентус се приклучи со нов триумф над Селтик (видео)

Јувентус пак го декласира Селтик, овојпат со 2-0 и ќе игра во четврт-финалето на Лигата на шампионите, по преубедливите 5-0 вкупно во двомечот со шкотскиот тим. Пари Сен Жермен со многу мака ја одбрани предноста од 2-1 од првиот меч, и ја елиминира Валенсија, по ремито, 1-1, вчера во Париз на „Паркот на принцовите“.

Јувентус одново ја потврди разликата во класа, во однос на Селтик и со головите на  Матри во 24. минута и на Кваљарела во 65. минута, беше убедлив против шкотскиот тим. „Старата дама“ го забележи седмиот едноподруго триумф во Торино, а има серијата од 18 натпревари без пораз, во еврокуповите.


szólj hozzá: Juventus 2-0 Celtic MATCH HIGHLIGHTS

Пари Сен Жермен го прекина долгиот пост од цели 18 години без четврт-финале во ЛШ. Валенсија се покажа како многу незгоден противник, на реваншот во Париз, иако тргна со негатива од 1-2 од „Месталја“.

Солдадо имаше убава шанса во првото полувреме, да и донесе предност на Валенсија, но не погоди. Корекцијата стаса од неговиот партнер во нападот, Жонас, кој даде  прекрасен гол во 55. минута. На „лилјаците“ им требаше уште еден погодок за да минат понатаму, но наместо да дадат, примија гол. Лавеци е херојот на домаќините, а голот за пласман во четвртфиналето, Аргентинецот, го постигна од втор обид, во 66. минута. Валенсија притисна и имаше иницијатива, но не направи позрела шанса, до крајот на натпреварот.


szólj hozzá: PSG 1-1 Valencia ,R16 www.shoootv.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top