
Во парискиот музеј „Орсеј“ е отворена изложбата посветена на францускиот книжевник Маркид де Сад и неговото влијание на сликарството. Познато е дека Де Сад влијаел на познатите француски писатели и поети Шарл Бодлер, Густав Флобер и други. Но, малку е познато дека тој исто така имал влијание на сликарите како Пабло Пикасо, Пол Сезан, Ежен Делакроа и Густав Моро, како и на скулпторот Огир Роден, соопштија организаторите на изложбата.

– Врската меѓу желбата и суровоста, која, според Де Сад се наоѓа во во секој од нас потполно ги воодушевила сликарите. Изложбата претставува приказна за таа ’подземна револуција’ – изјави авторката на изложбата Ани де Брен.

Според нејзините зборови, уметниците и порано сликале сцени на силувања, измачувања, киднапирање на жени, но во митолошки сцени.
– Влијанието на Де Сад ќе им помогне на сликарите да излезат од традиционалните рамки на некои сцени кои се поврзани со насилство но, истовремено и со копнеж по жените – изјави Де Брен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


