– Првите решенија за еднократен отпис на долгови се очекува кон крајот на месецов, во последната недела од октомври – соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешниот прв Саем за вработување, Спасов рече дека заклучно со вчера се поднесени 41.817 барања за отпис на долговите.
– Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова а финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите – нагласи Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.