| четврток, 6 декември 2018 |

Пет години по несреќата со нови детали, пилотот извикал: Е****, мртви сме!

air-france-2009-nesreka-03

Педесет и осумгодишниот Марк Дубоа и 37-годишниот Давид Робер решиле малку да одморат, да ги испружат нозете, да поспијат, a авионот од типот „ербас 330“ да му го препуштат на најмладиот меѓу нив, 32-годишниот Пјер Седрик Бонин. Црната кутија од авионот на „Еф Франс“ забележала голем број пцости непосредно пред паѓањето.

– Еб* **! мртви сме! – извикал пилотот.

Постарите пилоти, за жал, предоцна се разбудиле и очајнички ѝ се предале на судбината. Летот налетал на тропска бура, авионот, буквално, се забил во Атлантски Океан, а загинале сите 228 патници и членови на екипажот.

Бонин не знаел да се носи со екстремните околности и спас, едноставно, немало. Во октомврискиот број на „Венити фер“ се опишува трагедијата, а „Дејли меил“ пренесува делови од неа. Капетанот бил уморен од претходната ноќ бидејќи со девојката се забавувал до самото утро, а спиел помалку од еден час пред летот од Рио де Жанеиро до Париз.

„Ќе паднеме! Ова не е вистина! Како се случи ова?“ велел Давид Робер. Потоа се слушнал Бонин како вели: „Мртви сме!“

Посмртните останки на настраданите се барале цели две години, а во Франција се поставувале прашања за навиките на пилотите на „Ер франс“. Тоа што е интересно е дека одморот на авијатичарите им е дозволен според протоколот. Сепак, најмладиот колега не можел да се соочи со условите на небото…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top