
Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во „Галерија 8 – Безистен“, во Старата скопска чаршија, в среда 15 октомври во 20 часот ќе се отвори изложбата на академската уметница Марија Конеска.
Марија Конеска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, Скопје (2003-2008), оддел графика во класата на Зоран Јакимовски. Досега има остварено една самостоја изложба и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. Моментно е постдпломец на истиот факултет, во сликарскиот оддел во класата на Антони Мазневски.
– Секојдневниот предизвик на сите нас е да се истрпи. Да се истрпи за да бидеш дел од средината, да истрпиш за да бидеш свој, да истрпиш затоа што мораш, да истрпиш затоа што понекогаш немаш избор… Сè се сведува на борба, најтешката, со самите себеси, затоа секогаш остануваат зборови некажани, мисли запрени и погледи изгубени… Се поминува, а на крај пак треба да останеме свои. Ова е серија на графики со ликови кои сите си ги носиме секогаш со себе – вели авторката Конеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


