| четврток, 6 декември 2018 |

ИД го воведува ропството, Језидите им се продаваат на борците

vesnik idИД преку списанијата „Дабик“ на англиски јазик отворено повика на „Усвојување на робовладетелството, а први на удар се жените и децата од малцинската група Језиди“. Во текст со наслов „Оживување на робовладетелството пред клучен час“ магазинот наведува дека заробените семејства Језиди сега се продаваат на воините на ИД.

artikall– Жените и децата Језиди, според прописите на шеријатот, се поделени и доделени на борците на ИД кои учествувале во операциите кај Синџар – пишува „Дабик“. ИД ги нарекува припадниците на курдската етнорелигиска група пагани и неверници чии верувања се толку настрани и далеку од вистината, што дури и христијаните кои го почитуваат крстот ги сметаат за поклоници на ѓаволот и сатанисти – додава списанието на ИД на англиски јазик.

Jezidi-2Според „Хјуман рајтс воч“, мажиде Језиди се затворани додека не се откажат од религијата, жените се продаваат на војниците, додека децата ги тренираат за воини.

jezidiПо операцијата кај Синџар околу 300 жени се земени како робинки. Језидите се една од многуте ирачки малцинства кои се на удар на екстремистичката група поклоници на сунитскиот ислам.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top