| четврток, 6 декември 2018 |

Белоруски Брест нов предизвик за Металург

Ракометарите на Металург вечерва, во 18 часот, ќе играат против белоруски Брест, во рамките на регионалната лига СЕХА. Пред еден месец на гости македонскиот првак загуби со 26-28, па од таборот на Металург велат дека е време за реванш. Со евентуален триумф ќе биде обезбедено местото на завршниот турнир од лигата, па цел на Лино Червар и на неговите избраници е работата да се заврши уште денеска, за потоа пресметките со Загреб и со Вардар про да немаат поголемо значење. Кај Металург ќе го нема репрезентативецот Дејан Манасков кој вчера имаше успешна операција на вкрстениот лигамент на левото колено во Опатија, Хрватска. На повреди се жалат Ацо Јоновски и Филип Миркуловски, кои, по сè изгледа, ќе го пропуштат вечерашниот дуел со Мешков, за Червар да не ризикува со нив, пред двомечот од ЛШ со Динамо Минск. Деби во дресот на Металург, веројатно, ќе има новото десно крило Коражија.

Металург е лидер во СЕХА со 33 бода по 15 одиграни кола, додека Мешков е на третото место со 31 бод, но и еден натпревар помалку, во однос на македонскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top