| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Масин во МКЦ

masin izlozba

Сликарот Мирослав Масин веќе ја поставува изложбата со наслов „Ашанте“ во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Отворањето на изложбата ќе се случи на 15 октомври (среда) во 20 часот.

Како што информираат од МКЦ, на изложбата може да се купи примерок од неодамна издаденото монографско дело „Групна изложба на Мирослав Масин – подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“. Станува збор за ексклузивно издание од 130 страници посветени на ликовното творештво на Мирослав Масин, а во кое страници се отстапени и на неговите поетски и прозни пријатели. Издавач на изданието е МКЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top