Најбогатиот Русин е на 48-мо место во светот, а 9-те најбогати луѓе во Русија се дел и од првите 100 во светот. Во топ 10 нема ниту една жена. Според податоците на извештајот на „Кредит Свис“ (Crédit Suisse) од 2013 година Русија е земјата со најголема нееднаквост меѓу богатите и сиромашните. Само 110 лица држат 35% од богатството во земјата. Еве кои се 10-те најбогати во Русија во 2014 година:
1. Владимир Путин
Во 2013 година магазинот Форбс објави дека рускиот претседател е највлијателен човек во светот. Неговите финансии се мистерија и горната сума е само проценка. Поранешниот руски премиер Борис Немцов вели дека Путин има пристап до 58 авиони, 4 јахти, над 20 имоти.
2. Алишер Усманов
Тој е најбогатиот човек во Русија, се збогатува од трговија со метал и природни ресурси. Денес поседува 48% од УСМ Холдингс, компанијата која го контролира гиганти како Металоинвест. Тој е еден од сопствениците на МегаФон, вториот најголем мобилен оператор во Русија. Има и 30% од фудбалскиот тим Арсенал. Располага со приватен ербас A340.
3. Виктор Векселберг
Роден е во Украина. Акумулира пари од продажба на бакар и бакарни жици. Денес е претседател на конгломератот Ренова Груп.
4. Леонид Микелсон
Си го продава автомобилот за да го купи првиот удел во компанијата за изградба на нафтоводи. Од тогаш наваму станува богат и побогат. Во моментов е претседател на вториот по големина производител на гас во Русија – Новатек. Има удели во производителот на хемикалии Собур (51.2%) и во Первобанк (64.1%).
5. Владимир Потанин
Роден е во богато советско семејство, учи во престижниот Московски универзитет за меѓународни односи. Тргува со метал и е основач на две банки. Стекнува 20 државни компании во спорни трансакции. Успева да одржи голем дел од своите средства надвор од Русија пред кризата од 1998 година Неговата компанија градеше некои од објектите за Олимпијадата во Сочи во 2014 година.
6. Роман Абрамович
Тој е поранешен гувернер на Чукотка и најголемиот акционер во Евроазија, има удели и во Норилск Никел, како и инвестиции во Сибнефт и Аерофлот. Живее во Велика Британија. Сопственик е на фудбалскиот клуб Челзи. Има 7 деца, а неговата девојка Дарја Зукова е познат модел во Русија.
7. Михаил Фридман
50-годишниот Фридман е најголемиот акционер во инвестициска компанија Alfa Group. Таа ја контролира Alfa Bank, и мобилниот оператор. Фридман има уште 22% удел во најголемиот синџир за намирници во Русија – X5. Тој е од семејство на руски Евреи и важна фигура во општеството на руските Евреи. Сака уметност и е заштитник на неколку театари во Москва.
8. Сергеј Галицкиј
Тој е основач на Магнет – најголемата компанија за трговија на мало во Русија. Во последните 2 години неговата состојба е зголемена за речиси 5 милијарди долари. Вели дека инспирација за неговиот бизнис е Волмарт. Тој е сопственик уште на хотел и фудбалски тим Краснодар. Тој е најбогатиот човек во Русија, чија состојба не доаѓа од бизнис поврзан со природни ресурси.
9. Алексеј Мордашов
Тој ја има контролата на производителот на алуминиум Северстал. Има удели и во производителот на злато Норголд, Банка России. Во 2013 година тој и пријателот на Путин, Јури Ковалчук ги здружија силите во обид да купат 50% удел во Теле2 Русија, најголемата телекомуникациска компанија во Русија.
10. Михаил Прохоров
Тој е основач на Онексим груп – холдинг компанија која инвестира во сектори како банки, осигурување и енергетика. Компанијата има 17% удел во најголемиот производител на алуминиум во светот – Унитед Ко. Русал, и 27% удел во Уралкали Во 2011 година Прохоров беше независен кандидат за претседател на Русија, но освои само 7% од гласовите. Тој поседува 80% од американскиот кошаркарски тим Бруклин нетс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.