– Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Артан Груби и пратеничката Ермира Мехмети се најсериозни кандидати за нов вицепремиер за европски прашања откако Теута Арифи доби задача да го освои изборите за градоначалник во Тетово, пишува Дневник.
Извори од партијата за весникот велат дека е извесно дека Арифи и Бејта, кој исто така е дел од градоначалничката трка во полошкиот регион ќе си заминат од министерските функции откако ќе бидат и официјално промовирани за кандидати. Арифи била недостaпна за коментар, а Бејта потврдил дека стaнува од министерската фотеља бидејќи така е најетички и најисправно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.