Роџер Федерер успеа да го сопре забревтаниот ривал Новак Ѓоковиќ и со победа од 6-4, 6-4 да се пласира во финалето на турнирот од Мастерс серијата во Шангај.
Федерер го доби и вториот меч во Шангај против светскиот рекет број 1, откако беше подобар од Новак и во 2010 истотката во полуфинален дуел.
Двајцата големи ривали го одиграа 36. меѓусебен меч, што говори за нивниот ривалитет, а по 19. пат слевеше Федерер. Швајцарецот беше подобар и ќе се обиде со триумф против Жил Симон да го освои 81. трофеј во кариерата, што е најбогата колекција кај активните тенисери. Во завршниот меч утре, противник на Роџер ќе му биде францускиот тенисер Симон, кој го победи Фелисијано Лопес во два сета во првото полуфинале во Шангај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Неуспешно деби на двојката Ѓоковиќ/Федерер (Видео)
-
Се скарав со Мирка, збор не прозборев: Роџер Федерер проговори за неговите проблеми
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ


