| четврток, 6 декември 2018 |

Се скарав со Мирка, збор не прозборев: Роџер Федерер проговори за неговите проблеми

Роџер Федерер ретко ги губи нервите, дури и на теренот за време на стресните мечеви.

Меѓутоа швајцарскиот тенисер призна дека неодамна целосно одлепил и дека жестоко се скарал со сопругата Мирка.

Воочи турнирот на Вимблдон на кој во првото коло играл против српскиот тенисер Душан Лајовиќ, Федерер со Мирка и 4 деца тргнал кон аеродромот.

Поради сообраќајната гужва постоела опасност да не стигнат на време на летот.

Федерер се пожалил на Мирка, но таа очигледно целосно го искулирала. Поради тоа Роџер целосно изгубил контрола.

-Потребно е многу додека не ги изгубам нервите. На пример, кога сите четири деца одат во правец спротивен од оној по кој им реков да одат. Или, кога пред Вимблдон кога се исплашив дека нема да стигнеме на време на аеродром. Многу ми е важно да стигнам на време или пред време. Толку бев изнервиран, што не проговорив збор со неа за време на возењето – открил Фередер.

Можеби караницата со Мирка била една од причините што Роџер најпознатиот Грен Слем го заврши со шокантен пораз од Кевин Андерсон во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top