Примерокот од починатиот британски бизнисмен стигнал во лабораторијата во Хамбург и во тек е негова анализа. Од Министерството за здравство велат дека резултатот ќе го добијат доцна попладне. До тогаш и 25-те гости и персонал од хотелот меѓу кои и едно бебе ќе бидат во карантин. Др. Јованка Косотвска вели дека за бебето ги обезбедуваат сите неопходни производи. Од министерството добиле детална потврда од нивните британски колеги за движењето на починатиот изминатите неколку месеци. Согласно тоа велат дека се помала е веројатноста да станува збор за ебола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


