| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Чаначевиќ: Македонската филхармонија прва ги отвори вратите за другите музички жанрови

Во мо­мен­тов Фил­хар­мо­ни­ја­та има сво­ја пуб­ли­ка, и тоа, мо­рам да ка­жам, пре­крас­на пуб­ли­ка ко­ја на­ви­сти­на знае што са­ка и што е до­бро, но по­са­ку­вам што по­ве­ќе та­ква пуб­ли­ка и лу­ѓе што ќе нѐ под­др­жу­ва­ат и ќе ужи­ва­ат во на­ше­то му­зи­ци­ра­ње, ве­ли Ча­на­че­виќ

Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја ја поч­ну­ва но­ва­та кон­церт­на се­зо­на со из­во­нред­на умет­нич­ка еки­па и со бо­гат му­зич­ки ре­пер­то­ар. Ка­же­те ни мал­ку по­ве­ќе за тоа?
Ча­на­че­виќ: За не­кол­ку де­на, по­точ­но на 2 октом­ври, во но­ви­от МНТ ја поч­ну­ва­ме ју­би­леј­на­та, 70. по ред кон­церт­на се­зо­на на единс­тве­ни­от сим­фо­ни­ски ор­ке­стар во на­ша­та др­жа­ва, на­ци­о­нал­на­та гор­дост, Ма­ке­дон­ска фил­хар­мо­ни­ја. Оваа се­зо­на, на­ви­сти­на, се по­тру­див­ме да би­де по­себ­на, мал­ку по­ра­ди ју­би­ле­јот, а уште по­ве­ќе по­ра­ди тоа што сме­там де­ка се­ко­ја след­на се­зо­на тре­ба да би­де по­до­бра од прет­ход­­на­та. Тоа е до­бро по­ра­ди пуб­ли­ка­та, но и по­ра­ди ор­ке­ста­рот. Се­кој ор­ке­стар во све­тот мо­ра да на­пре­ду­ва, па ду­ри и нај­до­бри­от. Та­ка е и со нас. Ко­га на сце­на­та има­те со­лист од нај­ви­сок ранг, ди­ри­гент кој е авто­ри­тет во све­тот, и при­ста­пот на му­зи­ча­ри­те е по­и­на­ков. Тоа, пак, од дру­га стра­на, е атра­ктив­но и за пуб­ли­ка­та, а и за­до­волс­тво­то е обо­стра­но. За оваа се­зо­на под­го­твив­ме врв­ни со­ли­сти, ди­ри­ген­ти и из­вед­ба на ком­по­зи­ции кои ед­но­став­но се сме­та­ат за „кла­си­ци“ во кла­сич­на­та му­зи­ка или, пак, ком­по­зи­ции кои ќе ги до­жи­ве­ат пре­ми­ер­ни­те из­вед­би во Ма­ке­до­ни­ја. Го­лем број ма­ке­дон­ски со­ли­сти, но и из­вед­ба на ма­ке­дон­ски ком­по­зи­то­ри, осо­бе­но ком­по­зи­ци­и­те што беа на­гра­де­ни ка­ко нај­до­бри на кон­кур­си­те што ги об­ја­ви и фи­нан­си­ра­ше Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра. Има по­ве­ќе инс­пи­ра­тив­ни нас­ло­ви, ка­ко Вол­шеб­на флеј­та, Ру­ска ноќ, Ме­се­чи­на и ми­ни­ма­ли­зам, Ах тие лет­ни но­ќи, Бур­ле­ска, Го­ле­ми­те кла­си­ци итн. Ка­ко и до­се­га, не­ма да ги за­бо­ра­ви­ме ни­ту најм­ла­ди­те, за нив во оваа се­зо­на сле­ду­ва­ат сим­фо­ни­ски­те кон­цер­ти кои ќе би­дат со спе­ци­јал­но под­го­тве­на и из­бра­на со­др­жи­на, кон­цер­ти на кои им се ра­ду­ва­ме си­те. И, се­ка­ко, не изо­ста­ну­ва­ат из­не­на­ду­ва­ња­та, па и оваа се­зо­на ќе праз­ну­ва­ме со еден пре­кра­сен кон­церт на Ду­ке Бо­ја­џи­ев и не­го­ви­те при­ја­те­ли од САД, ка­ко и со му­зи­ка­та од нај­поз­на­ти­те ви­де­о­и­гри. На кра­јот на се­зо­на­та, тра­ди­ци­о­нал­но, се гле­да­ме во град­ски­от парк на „Ви­ди му­зи­ка, слуш­ни сли­ка, до­биј кни­га“. Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја со за­до­волс­тво на­ста­пу­ва и во дру­ги­те гра­до­ви на на­ша­та зем­ја, ка­де што има­ме пре­крас­на пуб­ли­ка на ко­ја очиг­лед­но ѝ не­до­сти­га на­ши­от ор­ке­стар. Се­кој наш кон­церт во гра­до­ви­те е праз­ник за гра­ѓа­ни­те и на­ви­сти­на има­ме тол­ку мно­гу по­ка­ни да на­ста­пу­ва­ме што ве­ро­јат­но по­ло­ви­на од на­ша­та се­зо­на ќе тре­ба да ја одр­жи­ме над­вор од Скоп­је. Се оби­ду­ва­ме кол­ку што е мож­но по­ве­ќе да ги по­се­ти­ме и дру­ги­те кон­церт­ни сце­ни и да им по­да­ри­ме му­зи­ка на гра­ѓа­ни­те кои не­ма­ат мож­ност да нѐ сле­дат во те­кот на це­ла­та на­ша се­зо­на.

 

Го­ди­на­ва Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја од­бе­ле­жу­ва зна­ча­ен ју­би­леј – 70 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то. Ка­ко ќе го од­бе­ле­жи­те ју­би­ле­јот?
Ча­на­че­виќ: Ко­га се пла­ни­ра еден та­ков на­стан, кој е на­ви­сти­на зна­ча­ен, мно­гу е те­шко да се за­до­во­лат си­те вку­со­ви и си­те ас­пе­кти на тој све­чен чин. Се­пак, му­зи­ка­та со сво­ја­та уни­вер­зал­ност и без­вре­мен­ска ди­мен­зи­ја овоз­мо­жу­ва по­ши­рок из­бор, па, во­де­ни од тие ком­по­нен­ти, од­лу­чив­ме ју­би­ле­јот да го праз­ну­ва­ме со го­ле­ми­те ру­ски ком­по­зи­то­ри Про­коф­јев и Чај­ков­ски. Та­ка, за овој кон­церт има­ме чест и огром­но за­до­волс­тво што за­ед­но со ор­ке­ста­рот ќе на­ста­пи еден од нај­моќ­ни­те и нај­ре­пре­зен­та­тив­ни пи­ја­ни­сти во мо­мен­тов, а тоа е Бо­рис Бе­ре­зов­ски, кој ве­ќе ѝ е поз­нат на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка со не­го­ви­те бри­ли­јант­ни кон­церт­ни на­ста­пи. За­ед­но со не­го има­ме фан­та­сти­чен ди­ри­гент, кој прв­пат ќе на­ста­пи на на­ша­та сце­на, а тоа е ма­е­стро Дми­три Лис. Јас сум убе­де­на де­ка овој кон­церт ќе се па­ме­ти не са­мо по­ра­ди тоа што е ју­би­ле­ен ту­ку и по­ра­ди умет­ни­ци­те, кои се иск­лу­чи­тел­ни и фан­та­стич­ни. Освен овој кон­церт, ние по­све­тив­ме уште два дру­ги кон­цер­ти на кои ќе на­ста­пат иск­лу­чи­тел­но ма­ке­дон­ски умет­ни­ци и ќе би­дат из­ве­де­ни ком­по­зи­ции од ма­ке­дон­ски умет­ни­ци. Со тие три кон­цер­ти на­пра­вив­ме пре­сек на тоа што би зна­че­ло ма­ке­дон­ска и свет­ска му­зич­ка умет­ност.

 

Maja-Canacevic-int109-2

 

Ре­а­ли­зи­ра­вте зна­чај­ни про­е­кти и на­ста­пи со истак­на­ти му­зи­ча­ри. Се чи­ни де­ка на пуб­ли­ка­та нај­го­лем впе­ча­ток ѝ оста­ви на­ста­пот на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја со Де­рик Меј на отво­ра­ње­то на „Охрид­ско ле­то“. Пла­ни­ра­те ли уште та­кви про­е­кти?
Ча­на­че­виќ: Ве­ро­јат­но до­бро е поз­на­то де­ка ток­му Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја е пи­о­нер и пр­ва ин­сти­ту­ци­ја што ги отво­ри вра­ти­те за дру­ги му­зич­ки жа­нро­ви. Уште во 2008 го­ди­на поч­нав­ме со кон­цер­ти на кои ги спо­ју­вав­ме ет­но­му­зи­ка­та, џе­зот, еле­ктрон­ска­та му­зи­ка, по­тоа пре­ми­нав­ме на филм­ски те­ми, му­зи­ка од Брод­веј, рок-сим­фо­нии, ди­ско­тре­ска и што ли уште не. По нас, и дру­ги ин­сти­ту­ции и фе­сти­ва­ли поч­наа да вне­су­ва­ат во сво­и­те про­гра­ми не­што што, ко­га ние го ра­бо­тев­ме, го кри­ти­ку­ваа ка­ко не­до­стој­но. Јас и то­гаш, а и се­га знам де­ка тоа што го на­пра­вив­ме бе­ше ви­стин­ски че­кор за да го доб­ли­жи­ме ор­ке­ста­рот до се­кој по­е­ди­нец што са­ка му­зи­ка во­оп­што, и ус­пе­ав­ме во тоа. Се­га, по се­дум го­ди­ни, си­те зна­ат за нас и ко­го и да пра­ша­те ќе ви ка­же де­ка ба­рем ед­наш бил на спе­ктак­лот на отво­ре­но во парк. Е се­га, да се вра­там на кон­цер­тот на Де­рик Меј, кој по­ми­на од­лич­но и не­за­бо­рав­но. Мно­гу ми е дра­го што Ог­нен Узу­нов­ски ус­пеа да го ре­а­ли­зи­ра тој кон­церт, и тоа по­ми­на од­лич­но, и се на­де­вам де­ка по­втор­но ќе се слу­чу­ва­ат та­кви про­е­кти. Се­пак, би са­ка­ла да спо­ме­нам де­ка Фил­хар­мо­ни­ја­та тре­ба да се пом­ни по­ве­ќе по кон­цер­ти­те на кла­сич­на му­зи­ка, но за тоа се по­треб­ни вре­ме, на­со­чу­ва­ње и еду­ка­ци­ја. Во мо­мен­тов Фил­хар­мо­ни­ја­та има сво­ја пуб­ли­ка, и тоа, мо­рам да ка­жам, пре­крас­на пуб­ли­ка ко­ја на­ви­сти­на знае што са­ка и што е до­бро, но што по­ве­ќе та­ква пуб­ли­ка и лу­ѓе што ќе нѐ под­др­жу­ва­ат и ќе ужи­ва­ат во на­ше­то му­зи­ци­ра­ње.

Со из­град­ба­та на згра­да­та на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја ќе се ре­ши гор­ли­ви­от проб­лем со кој се со­о­чу­ва­те из­ми­на­ти­те го­ди­ни, да ра­бо­ти­те и да оп­сто­ју­ва­те без свој сопс­твен дом. Ко­га би мо­же­ле да оче­ку­ва­ме да кон­цер­ти­ра­те во но­ва­та згра­да?
Ча­на­че­виќ: Тоа е еден од нај­те­шки­те мо­мен­ти во исто­ри­ја­та на овој ор­ке­стар. За сре­ќа, на на­ши­те пре­сел­би и проб­ле­ми им се гле­да кра­јот. Спо­ред но­ви­те нај­а­ви за за­вр­шу­ва­ње на кон­церт­на­та са­ла, би тре­ба­ло кон кра­јот на след­на­та го­ди­на об­је­ктот да би­де го­тов и ние, ко­неч­но, да се все­ли­ме и да го поч­не­ме на­ши­от нов кон­цер­тен жи­вот. Но, јас искре­но ве­ру­вам де­ка на­ша­та пуб­ли­ка ќе нѐ сле­ди и под­др­жу­ва ка­ко и до­се­га и ќе се нас­ла­ду­ва и ужи­ва во се­то тоа што ние го под­го­твив­ме за оваа ју­би­леј­на кон­церт­на се­зо­на.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 109. број на неделникот „Република“, 3.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top