| четврток, 6 декември 2018 |

Симон и Лопес го комплетираа првото полуфинале, Ѓоковиќ го чека противникот во второто

Првиот тениски рекет во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, полесно од очекуваното го совлада шпанскиот тенисер Давид Ферер, и тоа со 2-0 (6-4, 6-2) во сетови, на тенискиот  мастерс-турнир во Шангај.
Шпанецот немаше никакви шанси против денеска расположениот Ноле, која многу лесно успеа да се пласира во полуфиналето. Тој во следната фаза го чека победникот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Жулиен Бенето. Ако се исполнат очекувањата, главните фаворити за титулата во Шангај, Ѓоковиќ и Федерер, ќе се сретнат во полуфиналето.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Жил Симон и Фелисиано Лопес. Утрово Симон направи изненадување и во три сета го победи Чехот Томаш Бердих (7-6, 4-6, 6-0).
Лопес продолжува со одличната серија и фантастичната игра на овој турнир. По елиминациите на Надал и Иснер, во четврт-финалето жртва беше Михаил Јужњи, кој, сепак, беше тежок противник за Лопес. Шпанецот славеше со 2-1 (5-7, 6-4, 6-4) во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top