Словенечката телевизија „Канал А“ ѝ се извинува на јавноста во Македонија за грешката направена во интерпретацијата на изјавата на министерот за одбрана, Талат Џафери.
Главиот уредик на телевизијата, во изјава за „Новатв.мк“, рекол дека станува збор за ненамерна грешка на новинарот што ја подготвувал информацијата.
– Нашиот репортер што ja подготви информацијата инсертите ги презел од YouTube. Секако, ова е грешка, за која јас искрено им се извинувам на граѓаните на Македонија. Не беше намерата да испровоцираме, туку цел ни беше да известиме за немирите во Македонија – вели главниот уредик на „Канал А“, Грегор Требусек.
Во прилогот што беше објавен на словенечката телевизија за инцидентите во Скопје, беше пренесена изјава од министерот за одбрана Талат Џафери синхронизирана во скеч на „К-15“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.