Талат Џафери, претседателот на Собранието ќе ја мажи ќерката Бесијана, објавува „Независен“. Поради веселбата, тој деновиве ќе бил отсутен од Парламентот.
Свадбената веселба ќе се одржува во Гостивар, каде што живее неговото семејство, а од овој крај потекнува и идниот зет на собранискиот спикер.
Џафери уште пред два месеци ги информирал колегите во парламентот дека очекува да биде ослободен од работни обврски во овој период. Затоа спикерот и вчера инсистираше до крајот на денот да се донесат законите што произлегоа од договорот меѓу лидерите во првиот дел од сребата во Клубот на пратеници. Меѓутоа, иако пратениците до еден часот по полноќ чекаа во парламентот да бидат усогласен законите што беа договорени на лидерската средба, преговорите во работните групи запнаа на законот за финансирање на политичките партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.