| четврток, 6 декември 2018 |

„Епл“ останува најскапата марка во светот

 

apple

„Епл“ останува најскапата марка во светот, според новото издание на „Бест глобал брендс“, кое се изработува секоја година од консултантска компанија „Интербренд“.

Марката на гигантот во ИТ е проценета на 119 милијарди долари,што е за 21 процент повеќе од минатата година. Втора година по ред „Епл“ е признат за најскапа марка во светот.

Второ место е марката на „Гугл“ со процена од 107 милијарди долари или 11 проценти повеќе од минатата година.

Првпат во топ 100 двете водечки марки вредат повеќе од 100 милијарди секоја од нив.

„Интербренд“ ги проценува марките по показатели , финансии, продажби, влијанието на марката врз изборот на купувачите и способноста на марката да продава скапо.

Оваа година за прв пат во конкуренцијата влегува и кинеската компанија „Хуавеи“ и е на 94. место, со процена на 4,3 милијарди долари. Нови компании се, исто така, и ДХЛ, „Ланд Ровер“, „Федекс“ и „Хуго Бос“.

Вкупната вредност на сите марки од областа на технологијата влезени во конкуренција изнесува 493,2 милијарди долари и бележи пораст од 11,3 проценти на годишно ниво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top