| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп со отворена понуда до Епл: отворете фабрики во САД

Новоизбранот американски претседател Доналд Трамп уште за време на предизборната кампања тврдеше како ќе се залага за тоа големите кмпани, а особено го истакнуваше Епл, наместо во Кина или Виетнам, своите производи да ги прават во САД. Сега кога ги доби изборите, тој продолжи со истата реториката и истите планови.

Деновиве , како што сам посочува Трамп, телефонски разговарал со директорот на Епл, Тим Кук кому му го претставил планот за префрлање на производството од Азија во САД. Наместо претходно најавените даночни казни за оние кои отвораат работни места во странство, Трамп сега се служи со друга мотивација- даночни олеснувања.

На Кук му рекол дека Епл со сигурност на домашен терен ќе изгради една или две големи фабрики, што државата ќе им ги овозможи преку даночни поволности. Големите корпорации ќе добијат такви олеснувања кои нема да може да ги занемарат, вели Трамп, а неговата администрација ќе укине многу бесмислени регулативи кои го отежнуваат работењето и проширувањето на производството.

Тим Кук од своја страна рекол дека ја разбира позицијата на Трамп, додека неговата компанија веќе почнала процес со кој сака да утврди дали е можно некои делови од своето производство да го произведува во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top