| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за здравство: Британецот починал од вирусно заболување

zdravstvo-486x272

Британецот починал од вирусно заболување, а дали е ебола, допрва ќе се утврдува соопшти министерството за здравство на вонредната прес-конфренција.

Британецот починал од внатрешно крварење и висока температура. Здравствените власи утврдиле дека починатиот е алкохоличар, кај можело да се појави хеморалгична треска, една од симпомите на ебола.

Едно лице починало на Инфективната клиника во Скопје со симптоми на ебола, а уште еден Британец е хоспитализиран со слични симптоми. Персоналот во хотелот каде што престојувале британските државјани е во карантин.

Од починатиот ќе бидат земени примероци за проверка во меѓународна акредитирана лабораторија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top