| четврток, 6 декември 2018 |

По средбата Груевски-Куртулмуш: Ќе се формира специјална индустриска зона за турски компании

gruevski

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска оствари средба со вицепремиерот на Република Турција, Нуман Куртулмуш.

На средбата соговорниците ги поздравија одличните политички односи помеѓу двете земји на билатерално и мултилатерално ниво, и изразија задоволство од постојаниот и нагорен тренд на развој на истите кој се карактеризира и со редовни средби на највисоко ниво.

gruevski1

Соговорниците истакнаа силна посветеност за интензивирање на економската соработка, трговската соработка и соработката на полето на инвестициите, потенцирајќи дека постојат можности за унапредување на обемот на трговската размена од постоечките 400 милиони долари до 1 милијарда долари на годишно ниво.

Стана збор и за можностите за дополнителна соработка на полето на реализацијата на странски директни инвестиции од Република Турција во Република Македонија, при што беше разгледувана темата за формирање на специјална технолошко индустриска развојна зона во која би биле алоцирани поголем број на турски компании. Во оваа насока беа претставени повеќе опции за нејзина реализација, за што двете страни ќе продолжат со интензивните консултации во поглед на сите аспекти кои се од значење за процесот.

gruevski2

Премиерот Груевски се заблагодари и за поддршката која Република Македонија ја добива од Република Турција во врска со прашањата од национален и државен интерес, и нашата евроатланска интеграција. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста на Владата за реализација на реформи за унапредување на стандардите и можностите во сите општествени сфери.

Турскиот вицепремиер Куртулмуш истакна дека Република Турција целосно ги поддржува интеграциските процеси на Република Македонија и ќе продолжи да биде активен лобист на патот кон реализација на ваквите стратешки цели. Тој посочи дека турската влада го поддржува и стимулира трендот на инвестирање на турски компании во Македонија.

На средбата стана збор и за проширување и унапредување на соработката во образованието и културата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top