| четврток, 6 декември 2018 |

„Алфа“: Починал странец на Инфективната клиника во Скопје, се сомневаат дека бил заразен од ебола?

1407264975000-ap-aptopix-ebola-americans-534x320_2014106193343
Странец, најверојатно државјанин на Велика Британија, починал на Инфективната клиника во Скопје, а лекарите, според симптомите се сомневаат дека бил заразен од ебола, јави телевизијата „Алфа“.
Според „Алфа“ странецот  бил примен на инфективната клиника со симтоми на ова опасно заболување. Кога бил примен, пациентот бил неконтактибилен и по некое време починал.Засега нема информации од каде допатувал. Македонските власти ги преземаат сите заштитни протоколи предвидени за ваков случај согласно светските стандарди.
Властите веднаш ќе ја информираат Светската здравствена организација.
Присуството на болеста се уште не е потврдено. Сепак, симптомите биле многу слични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top