Шведската академија одлучи Нобеловата награда за литература за 2014 година да му ја додели на францускиот писател Патрик Модијано.
Модијано е роден 30 јули 1945 година, а е добитник на бројни француски и европски награди и признанија. Негови најпознати романи се: „Место за ѕвезда“, „Кружен булевар“, „Тажна самовила“, „Семејна книшка“, „Свадбено патување“, „Дора Брудер“ и други.
– Тој е многу познат во Франција и никаде на друго место. Пишува книги за деца, сценарија за филмови,, но најмногу романи. Неговиот најпознат роман е „Исчезнатата личност“ е приказна за детектив кој го загубил памтењето.
За своите дела добил бројни награди меѓу кои и на Француската академија.
Швеската академија во февруари прими 271 номинација за годинешната Нобелова награда за литература, а членовите на академијата, вкупно 18 се писатели, поети, академци го бираат добитникот на престижната награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.